ЗА ДОБРОТО И ЗЛОТО ВО МЕЃУЛИЧНОСНИОТ ОДНОС

  • Ивица Тодоров
Keywords: добро, зло, увид, гордост, покајание, Бог, личност, однос, љубов, царство

Abstract

Овој текст ги појаснува најважните прашања во христијанскиот живот, што е добро а што е зло. Состојбата на доброто е душеполезна за разлика од злото кое е душевознемирувачко. Сѐ што е создадено од Бога создадено е како добро. Според сето она што не откриено во Св. Писмо, и е покажано и докажано во животите на светите Божји луѓе, се стекнува духовен увид и сознание дека Бог не е творец на злото и дека тоа нема постоење само по себе (како нешто создадено од Бога). Тоа постои само како состојба, како негативен однос кон некој или нешто, во личноста што се спротиставува на доброто. Личноста која преку покајанието (будењето од духовното мртвило) и евангелскиот духовен живот свесно, искрено и објективно ќе го увиди злото и неговите последици во себе, во своите дела и меѓуличносни односи, и ќе се потруди да се очисти од истото, ќе стекне увид во својата вистинска од Бога создадена природа и состојба на постоење.

References

/
Published
2019-10-08